Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен утре во Брисел ќе имаат заедничка вечера со српскиот претседател Александар Вучиќ Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен утре во Брисел ќе имаат заедничка вечера со српскиот претседател Александар Вучиќ, додека специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, Петер Соренсен од денеска до среда ќе престојува во посета на Белград, јави дописникот на МИА од Брисел.