Училиштата на грчките острови Парос, Миконос, Сими, Кос и Родос денеска се превентивно затворени поради невремето што од вчера ја зафати Грција, а на Парос и Миконос предизвика материјална штета, каде што вчера од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки до жителите и посетителите на двата острови дека е забранет сообраќајот на сите возила, со исклучок на оние за итни случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Novamakedonija
Дождот пропратен со ветрови до 74 км/ч е „опасност“ и се очекува да продолжи и во вторник, соопшти метеоролошката служба.
Училиштата се затворени како мерка на претпазливост на островите Парос, Миконос, Родос, Кос, Калимнос, Сими и Тилос. Netpress