Бугарската влада на чело со Росен Жељазков го преживеа денешното гласање доверба, иницирано во врска со нејзиното водење на надворешната политика, јавуваат бугарските медиуми.
Барањето за гласање недоверба, иницирано од партијата „Преродба“, а поддржано од членовите на „Величина“ и „Морал, единство, чест“ (МЕЧ), не успеа да го обезбеди потребното мнозинство, пренесува Новините.