Тоа е се што ќе кажам“.
Европската Унија изминативе недели во неколку наврати им препорача на лидерите на земјите членки и на државите кандидати за членство во ЕУ да не присуствуваат на манифестациите во Москва поврзани со одбележувањето на 80-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа на 9 мај. 360stepeni
Во пресрет на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот со воена парада на 9 мај во Москва, единствените двајца европски лидери, покрај претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, кои најавија учество на овој настан, српскиот претседател Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо, неочекувано ги откажаа своите активности за наредните денови, што беше причина за појава на шпекулации на социјалните мрежи, но и во некои медиуми. Plusinfo