Рубио рече дека ќе разговара за потенцијалните начини на кои Ватикан би можел да помогне, „статусот на преговорите, новостите по вчерашниот ден (преговорите во Истанбул) и патот напред“.– Значи, ќе разговараме за сето тоа и секако секогаш ќе му бидеме благодарни на Ватикан за подготвеноста да има конструктивна и позитивна улога, им рече Рубио на новинарите во Амбасадата на САД во Рим.– И благодариме на Светата Столица за нејзината подготвеност да се вклучи во овој процес … Благодарни сме за нивните долгогодишни напори, не само за обидите да посредуваат за мир, туку и за размената на затворениците, напиша Рубио на Х по средбата со Зупи.