Поранешниот американски потпретседател Ден Квејл, кој беше во администрацијата на Џорџ Х.В. Буш од 1989 до 1993 година, во интервју за CNBC зборуваше за актуелната ситуација во американско-руските односи и војната во Украина.
Трамп како причина ја наведува стагнацијата во тековните трговски преговори и низата, според него, нефер практики на ЕУ. Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот најави можно воведување царина од 50 отсто за сите стоки од Европската унија, наведувајќи ја стагнацијата во тековните трговски преговори и низата, според него, нефер практики на ЕУ. „Нивните силни трговски бариери, ДДВ, смешни корпоративни казни, нетарифни бариери во трговијата, манипулација со валутата, неправедни и неоправдани тужби против американски компании и многу повеќе доведоа до трговски дефицит со САД од над 250.000.000 долари годишно, бројка што е целосно неприфатлива“, напиша Трамп во петокот на социјалната мрежа.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Епл“ мора да ги произведува своите „ајфон“ телефони во Соединетите држави – или ќе се соочи со царина од 25 проценти.