Тој нагласи дека рускиот претседател Владимир Путин не бара мир, туку освојување по секоја цена.
„Затоа ние остануваме целосно посветени на поддршката на Украина“, рече тој. Tocka
Целта на Германија е да ѝ помогне на Украина да произведува повеќе оружје со побрзо темпо, во време кога таа земја се обидува да ја зајакне својата позиција во мировните преговори со Русија, изјави денес во Киев шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул.
„Веруваме дека наша задача е да ѝ помогнеме на Украина за да може посилно да преговара“, рече Вадефул за време на посетата на Киев, во придружба на претставници на германската индустрија за специјални намени. Zoom