Иранските воздухопловни сили (IRIAF) ја разгледуваат можноста за набавка на кинески ловци J-10. Шпекулациите за таа опција се појавија по посетата на иранскиот министер за одбрана и логистика на вооружените сили, генерал Азиз Насирзаде, на Кина на 26 и 27 јуни.
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека ништо не му понудил на Иран и оти „воопшто не разговара“ со иранските лидери.
Шефот на нуклеарното надзорно тело на ОН вели дека американските напади врз Иран не предизвикале целосна штета на неговата нуклеарна програма и дека Техеран би можел повторно да го збогатува ураниумот „за неколку месеци“, што е спротивно на тврдењата на претседателот Доналд Трамп дека САД ги вратиле амбициите на Техеран наназад за децении, пренесува Си-ен-ен. Коментарите на Рафаел Гроси се чини дека ја поддржуваат раната проценка од Агенцијата за одбранбено разузнавање на Пентагон, за која првпат објави CNN, која сугерира дека нападите на Соединетите Американски Држави врз клучните ирански нуклеарни постројки минатата недела не ги уништиле основните компоненти на неговата нуклеарна програма и веројатно само ја вратиле за неколку месеци.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи изјави дека Иран планира да ја продолжи нуклеарната програма.