Владимир Путин е подготвен да разговара со новиот американски претседател Доналд Трамп за крај на војната во Украина, објави Ројтерс, повикувајќи се на пет сегашни и поранешни руски официјални лица.
Владимир Путин е подготвен да разговара за договорот за прекин на огнот во Украина со Доналд Трамп, но ја отфрла можноста за големи територијални отстапки и инсистира Киев да се откаже од своите амбиции за членство во НАТО, изјавија за Reuters пет извори запознаени со размислувањата на Кремљ.