„Претседателот Путин даде инструкции да се подготват промени со цел да се прилагоди нашата доктрина на условите на сегашната конфронтација, која ја предизвикуваат западните земји.
„Путин мора да одговори на невидената ескалација, која првенствено е предизвикана од администрацијата во Вашингтон во заминување“, додаде претставникот на Кремљ. Denesen
Објавувањето на ажурираната нуклеарна доктрина на Руската Федерација е сигнал за американската администрација, која спроведува невидена ескалација на конфликтот во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
На прашањето дали објавувањето на новата нуклеарна доктрина може да се смета за порака до САД, со оглед на одобрението за употреба на балистички ракети ATACMS за напади длабоко на руска територија, Песков одговори: „Се разбира, тука нема случајности, има одредена законитост“. Kajgana