Песков изјави дека претставникот на Кремљ, Владимир Медински, кој ја предводи руската делегација, е во контакт со својот украински колега.Обновувајќи ги преговорите по повеќе од три години, двете страни се сретнаа директно во Истанбул на 16 мај и 2 јуни, што доведе до серија размени на затвореници и враќање на телата на паднатите војници.Но, не е постигнат никаков напредок кон прекин на огнот за кој се залага Украина, со поддршка од Западот.