Добивај вести на Viber Руското разузнавање тврди дека српска муниција се составува во Чешка и Бугарија и се испраќа во Украина.
Службата за надворешно разузнавање на Русија (СВР) денеска издаде ново соопштение во кое тврди дека муниција произведена во одбранбени компании на Србија, главно за тешки системи со голем дострел, се испраќа во земји на НАТО во форма на делови, а дека склопувањето и опремувањето на муницијата се одвива првенствено во Чешка и Бугарија, пренесоа српските медиуми.„Тоа му овозможува на Киев подоцна формално да прима, како што се наведува, повеќе не српско воено производство, туку оружје склопено во фабриките за оружје на западните земји.