Во нападот на Украинците на аеродромот на Крим беа уништени три руски хеликоптери - Ми-8, Ми-26 и Ми-28, како и самоодниот противвоздушен ракетен топ-систем Панцир-С1. СБУ наведува дека од пожарот биле оштетени и летала со екипаж, противвоздушни одбранбени системи, складишта за муниција, како и извидувачки и борбени беспилотни летала.
Безбедносната служба на Украина (СБУ) изврши напад со беспилотни летала врз воениот аеродром Кировск на Крим во ноќта од петок кон сабота, објави официјалниот Телеграм канал на СБУ.