Словачка неколкупати стави вето на пакетот за да се обиде да добие отстапки во посебниот план за постепено укинување на увозот на нафта и гас од Русија, на што, за разлика од санкциите, не е потребна едногласна поддршка од земјите на ЕУ. Инаку, Словачка продолжува да увезува руска енергија, вклучително и гас според договор што важи до 2034 година и често зазема проруски позиции во врска со Украина.