Откако „големиот, прекрасен“ закон тесно го усвои Сенатот, изменетата верзија беше испратена до Претставничкиот дом на гласање, а како што пишува АП, републиканците се соочуваат со предизвици во обидот да го усвојат пакетот за намалување на даноците и буџетот на претседателот Доналд Трамп, кој инсистира законот да биде усвоен до 4 јули.Усвојувањето на законот беше обележано со бројни пречки, од кои најзначајна беше несогласувањето меѓу самите републиканци, а гласањето, кое започна во среда навечер, беше продолжено до денес бидејќи неколку републиканци одбија да го поддржат законот.
Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, го пофали американскиот претседател Доналд Трамп за неговите напори за решавање на војните низ целиот свет.
Пишува: ДРАГАН МИШЕВ Драмолетката со расправијата на социјалните мрежи и “раскинувањето“ на врската помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот близок соработник, довчерашниот шеф на ДОГЕ, технолошкиот милијардер Елон Маск, многу ме асоцира на една анимирана серија на Hanna Barbera од детството, особено нејзиниот наслов и одјавната шпица со напомена: Не пропуштајте ја следната епизода од серијата „ Жолтко и Лутко“.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека може да размисли за депортација на Илон Маск, откако милијардерот роден во Јужна Африка остро го критикуваше неговиот голем закон за трошење.Трамп, исто така, рече дека Одделот за владина ефикасност (DOGE) – кој го водеше Маск пред да поднесе оставка на крајот на мај – би можел да го фокусира своето внимание на владините субвенции на основачот на „Тесла“ и „СпејсИкс“, објави „Телеграф“.„Не знам.