Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
43
32.99
29.72
11.93/4.45
43.00
15.62
0.36
3178.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 43
43 ■ 0.99/0.01 ■ 5 ■ 367.4
Best clustering variants
43 0.99/0.01 5 367.4
20:15 h 07-Jul-2025
  • Добивај вести на Viber Кремљ тврди дека БРИКС никогаш не работел на поткопување на други земји.
  • ◉ КРЕМЉ СЕ ПРАВДА: БРИКС никогаш не работел на поткопување на трети земји
06:16 h
  • САД ќе почнат да испраќаат писма до своите трговски партнери за нови договори и тарифи почнувајќи од денес, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
  • Трамп: Испраќаме писма за царините до сите земји
17:26 h 06-Jul-2025
  • Фото: ЕПА Светот доживува радикални промени, либералниот модел на глобализација е застарен, а униполарниот систем на меѓународни односи е минато – оцени рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето преку видеоконференциска врска на самитот на БРИКС што започна денеска во Рио де Жанеиро.
  • Светот доживува радикални промени, униполарниот систем е минато, порача Путин
14:44 h
  • За прв пат по повеќе од една деценија владеење, кинескиот лидер Си Џинпинг – кој го направи БРИКС централен дел од неговиот обид за преобликување на глобалната рамнотежа на моќ – нема да присуствува на годишниот собир на лидерите на големи економии во развој започнува во Бразил во недела, пренесува Си-ен-ен. Истовремено, во Рио нема да биде присутен и рускиот претседател Владимир Путин, кој ќе прсе приклучи само преку видео врска поради тоа што Бразил е потписник на Меѓународниот кривичен суд и би бил обврзан да го уапси Путин по судска обвинение за воени злосторства во Украина.
  • Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?
13:44 h
  • Лидерите на земјите-членки на БРИКС денес, на самитот што се одржува во Бразил, повикаа на заштита од неовластена употреба на вештачка интелигенција (ВИ). Ова беше направено за да се избегне прекумерно собирање податоци и да се обезбедат механизми за фер исплата на авторски права, стои нацрт-изјавата што ја виде Ројтерс.
  • Лидерите на БРИКС повикуваат на заштита на податоците од AI
09:34 h
  • Редовниот самит на групата земји БРИКС се одржува во Бразил оваа година, но собирот ќе биде засенет од фактот дека Си Џинпинг, претседателот на Кина, нема да дојде во оваа јужноамериканска земја.
  • Самит на БРИКС во сенка на отфрлањето од Пекинг: Си Џинпинг откажува за прв пат во историјата
06:17 h
  • Во Рио де Жанеиро денеска и утре се одржува 17 Самит на БРИКС, на кој ќе учествуваат претседатели и премиер на земји-членки и на земји-партнетри.
  • Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
Puls24

Лидерите на земјите од БРИКС се согласија да започнат пилот-програма за воведување на заеднички гарантен механизам, со цел зголемување на стратешките инвестиции во членките и поширокиот Глобален Југ, според финалната Декларација од самитот одржан во Рио де Жанеиро.

Според документот, иницијативата ќе биде развиена во текот на 2025 година во рамките на Новата банка за развој (NDB) и ќе се базира на веќе постоечкото меѓународно искуство, а акционерите нема да уплаќаат дополнителен капитал, пренесува РИА Новости.Резултатите ќе бидат презентирани на следниот самит на БРИКС во 2026 година.„Целта на оваа иницијатива е да се понудат индивидуални гарантни инструменти за намалување на ризикот и зголемување на кредитниот рејтинг на клучните инвестиции во земјите од БРИКС и Глобалниот Југ“, се наведува во Декларацијата. Puls24

Antropol

Самитот се одржува во време кога глобалната сцена е преокупирана со конфликти (Украина, Блискиот Исток) и економска турбуленција, подобрени тарифи и притисоци од САД, па лидерите настојуваат да го задржат фокусот на практични, технички теми без геополитичка риторика .Претставниците на Кина и Русија, Си Џинпинг и Владимир Путин, нема да присуствуваат лично, Си поради други обврски, а Путин поради меѓународна потерница од МКСЈ.

Наместо нив, во Рио доаѓаат кинескиот премиер Ли Чанг и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој ќе ја предводи руската делегација .Оваа нова фаза во развојот на БРИКС ја следи неодамна проширување, со влез на Египет, Етиопија, Иран, Обединети Арапски Емирати, Индонезија и Виетнам, како и партнерски статус за Белорусија, Боливија, Куба, Казахстан, Малезија, Нигерија, Тајланд, Уганда и Узбекистан . Ова значи дека БРИКС „плус“ денес опфаќа околу 56% од светската популација и речиси 44% од глобалниот БДП .Финансиските министри на петте основни членки во пресрет на самитот договорија единствен предлог за реформа на ММФ, предлог за прераспределба на квоти и гласачко влијание во корист на земји од глобалниот Југ, како и откажување од децентрализирано европско раководење во ММФ . Воедно, започна создавање гарантен фонд преку Новата развојна банка (NDB), кој ќе ги олесни инвестициите во инфраструктура и клима-проекти со користење сегашните ресурси на банката. Antropol