Трамп со години се спротивставува на истрагата и постојано ја отфрла како „руска измама“.
Извештајот на ЦИА објавен минатата недела пронајде недостатоци во проценката на американската разузнавачка заедница за руското мешање во изборите во 2016 година, но не го оспори нејзиниот заклучок дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да го сврти гласањето во корист на Трамп. Tocka
Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) започна кривични истраги против поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, и поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, објави „Фокс Њуз“.
Според извори на телевизијата, истрагите се однесуваат на наводни прекршувања поврзани со претходни владини истраги за наводна руска интервенција во американските избори во 2016 година, на кои Доналд Трамп ја победи Хилари Клинтон. Brif