Министерството денеска испраќа известувања за отпуштање на 1.107 „обични“ државни службеници и 246 од службата за надворешни работи на работни места во САД, изјави висок функционер на Стејт департментот под услов да остане анонимен, пренесе Бета.
Американскиот Стејт департмент, односно Министерството за надворешни работи, објави дека „во следните неколку дена“ ќе отпушти стотици вработени во САД, по одлуката на Врховниот суд од оваа недела со која ѝ се дозволува на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да продолжи со масовните отпуштања во федералните агенции.