Трамп ја донесе оваа одлука во писмо, објавено на социјалната мрежа Truth Social, упатено до претседателот на Бразил Луиз Инасио Лула да Силва, во кое наведува дека новата тарифа ќе биде воведена „независно од постојните секторски тарифи“.Во истата порака, американскиот претседател ја изрази својата поддршка за поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, нагласувајќи дека начинот на кој Бразил се однесува кон него е „меѓународен срам“, додавајќи дека таканаречениот „лов на вештерки треба веднаш да престане“.Трамп постојано ги критикуваше земјите-членки на групата БРИКС, во која Бразил игра значајна улога, обвинувајќи ги за економски политики кои, според него, го нарушуваат балансот на глобалната трговија на штета на Соединетите Американски Држави.