Сепак, решивме да продолжиме напред, но само со поизбалансирана и поправедна трговија“, напиша Трамп во писмото до Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, кое го објави на Трут Соушл (Truth Social). ЕУ и Мексико се приклучуваат на растечката листа на земји чиј увоз ќе се соочи со ажурирани давачки на 1 август, откако Трамп почна да објавува писма за царини во понеделникот со стапки до 40 проценти.