Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната во Украина за време на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин. Press24
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска имал телефонски разговор со својот украински колега Володимир Зеленски за ситуацијата во Украина, откако вчерашниот телефонски разговор на Трамп со рускиот претседател Путин не влеал никаква надеж дека Русија може да ги сопре воените дејствија, јавуваат светските агенции. Lokalno
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за ситуацијата на фронтот, руските воздушни напади, испораката на системи за воздушна одбрана од страна на САД и идниот мировен договор со Русија.
„Му честитав на претседателот Трамп и на целиот американски народ за Денот на независноста. A1on
За време на разговорот, Трамп повторно го отворил прашањето за брзо завршување на војната во Украина, но Путин јасно ставил до знаење дека Русија нема да отстапи од своите цели, вклучително и, како што рекол, отстранување на причините што довеле до конфликтот.„Нашиот претседател нагласи дека Русија ќе ги постигне целите што си ги поставила, а тоа е да ги елиминира познатите причини што доведоа до сегашната конфронтација“, рече Ушаков.
Путин му ги презентирал на Трамп и деталите за неодамнешниот договор со Украина за размена на затвореници и загинати војници и ја изразил подготвеноста на Москва да продолжи со преговорите со Киев. Tocka
Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека во текот на денот ќе има телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп. Kurir
Руските лидери, исто така, имаат за цел да извршат поголема контрола врз политичките одлуки донесени во Киев и другите источноевропски престолнини, рекоа лидерите на НАТО.
Ушаков рече дека прашањето за испорака на оружје за Украина не било споменато за време на телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин. Puls24
Тој додаде дека не е постигнат никаков напредок во разговорите.
Трамп дополнително најави дека, по разговорот со рускиот претседател, денеска ќе разговара и со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Alfa