Началникот на Генералштабот на Војската на Полска, Вјеслав Кукула предупреди дека ако набрзо се договори мир во Украина, како што ветува новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, Русија и пред 2029 година може да ги обнови своите вооружени сили и порано да биде подготвена за судир со НАТО.
Полска ќе преговара со САД и НАТО за проширување на областа на примена на „противракетниот штит“ на Северноатлантскиот сојуз, изјави вицепремиерот и министер за национална одбрана, Владислав Косињак-Камиш.