Како што знаете, уште пред Русија да ја започне својата сеопфатна инвазија, САД формираа коалиција од над 50 земји за да ѝ помогнат на Украина и да ја повикаат Русија на одговорност за нејзините дејствија.
Јасно ставивме до знаење дека ќе ги адаптираме и коригираме потенцијалите што ѝ ги обезбедуваме на Украина кога тоа е соодветно, и видовте дека тоа го потврдуваме со нашите дејствија во изминатите неколку години, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер на прашањето каква е политиката на САД во однос на употребата на американските ракетени системи АТАКМС од страна на Украина против цели на територијата на Русија. Kanal5