Русија го опиша американскиот ракетен напад како ескалација, а украинското воено разузнавање соопшти дека Русија се обидува да сее паника со ширење на лажни извештаи на интернет за претстојниот напад со проектили и беспилотни летала.
„@USEmbassyKyiv (Амбасадата на САД во Киев) ја продолжи својата работа по привремениот прекин“, напиша американската амбасадорка во Украина Бриџит Бринк на платформата X. „Продолжуваме да ги охрабруваме американските граѓани да бидат внимателни, да ги следат официјалните украински извори за ажурирања и да бидат подготвени да се засолнат доколку биде издадена воздушна тревога“, додаде таа. Denesen