Шефот на ХДЗ, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ синоќа зборуваше во изборниот штаб на претседателскиот кандидат Драган Приморац, но не од говорницата, тврдејќи дека разликата од 30 проценти во поддршката во корист на актуелниот претседател Зоран Милановиќ не е непремостлива.
Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од претседателските избори врз основа на 100 отсто обработени избирачки места.
Во Хрватска денеска ќе се одржи првиот круг од претседателските избори, по парламентарните избори во април и европските во јуни, на кои ќе учествуваат осум кандидати.
Актуелниот претседател и кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП), Зоран Милановиќ, победи во сите хрватски жупании, а најмногу гласови доби во Истра, Меѓумурје и Вараждин, додека кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Драган Приморац, победи само во странство, покажуваат вечерва објавените резултати на хрватската Државна изборна комисија (ДИК). Според последните податоци, врз основа на речиси 99 отсто обработени избирачки места, Милановиќ убедливо води, но падна под 50 отсто од гласовите.