Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
9
11.95
16.92
1.95/0.59
9.00
3.04
0.34
818.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 9
13 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 288.6
Best clustering variants
13 0.99/0.01 2 288.6
22:54 h 08-Jan-2025
  • Словачкиот премиер Роберт Фицо во средата изјави дека обезбедил снабдување со гас за Словачка за време на неговиот престој во Москва и разговорите со рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец, пред Украина да го прекине транзитот на гас од Русија на почетокот на 2025 година.
  • ◉ Фицо обезбедил гас за Словачка по преговорите со Путин
12:24 h
  • Словачката коалициска влада ќе разговара за одмазднички мерки што треба да ги преземе против Украина откако таа го запре протокот на руски гас низ нејзината територија кон Словачка, изјави во четвртокот словачкиот премиер Роберт Фицо.
  • Фицо: Словачка ќе разговара за одмазда по „саботажата“ на украинскиот транзит на гас
19:40 h 06-Jan-2025
  • Состанокот на официјалните лица од Словачка, Украина и Европската комисија за снабдување со гас планиран за утре е откажан бидејќи Киев нема да учествува, објавија словачките власти.
  • Откажан состанокот помеѓу Словачка, Украина и ЕК за гасот, Украинците одбиле да учествуваат
13:12 h
  • Заменик-претседателот на словачкиот парламент Андреј Данко изрази мислење дека неговата посета на Русија ќе помогне да се обноват односите меѓу двете земји, објави прорускиот Словакиа њуз – правда, повикувајќи се на извештај од Раша Тудеј, кој е санкциониран од ЕУ од почетокот на руската целосна инвазија против Украина.
  • Официјална Братислава во прегратките на Москва: Граѓаните на улица, бараат европски курс за Словачка
Faktor

Словачката владејачка партија во соопштението вели дека доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски „сака да го гледаат како партнер, ќе мора така и да се однесува“, порачувајќи дека доколку тој „продолжи со ваквиот пристап кон Словачка“, Хлас-СД би можела да ја преиспита својата поддршка за членство на Украина во ЕУ. Партијата уште најави дека за проблемот со транзитот на гас ќе побара да се разговара на средбата со коалициските партнери предвидена за оваа недела, посочувајќи дека приоритет е да се обезбеди стабилност во снабдувањето со енергија во претстојните години.

Претходно и словачкиот премиер Роберт Фицо се обиде да ја убеди Украина да го продолжи договорот за транзит, нагласувајќи дека со прекинот на дистрибуцијата на руски гас Словачка ќе има дополнителни трошоци за набавка на енергенсот од други извори, но ќе ги загуби и приходите што ги има од преносот на гасот преку словачка територија кон останатите земји од ЕУ. Откако Киев го одби ваквото барање на Фицо, тој се закани дека Словачка ќе го запре преносот на електрична енергија за Украина преку нејзина територија или дека ќе ја намали помошта за украинските бегалци сместени во земјата. Faktor