Европската Унија сака да биде партнер со САД за да се обезбеди праведен и траен мир за Украина, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по нејзината денешна средба во Брисел со специјалниот американски пратеник за Украина и Русија, генералот Кит Келог. Netpress
Потврдувајќи ја посветеноста на ЕУ за праведен и траен мир во Украина, Фон дер Лајен повторила дека при тоа мора да се почитуваат украинските независност, суверенитет и територијален интегритет, поддржани со силни безбедносни гаранции.
Таа, исто така, ја изрази подготвеноста на ЕУ да работи заедно со САД за да се стави крај на крвопролевањето и да помогне да се обезбеди праведен и траен мир, што Украина и нејзиниот народ со право го заслужуваат, се додава во соопштението на Европската комисија. Denesen