Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за нови санкции против Русија, во обид да постигне прекин на огнот во Украина.
Претседателот на САД Доналд Трамп го оквалификува својот руски колега Владимир Путин како „апсолутно ЛУД“.
Првиот заменик-претседател на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума, Алексеј Чепа, ги нарече заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за нови санкции против Русија дипломатски потези.
Американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела размислувал за воведување санкции против Русија, објави „Волстрит џурнал“.Санкциите се разгледуваат бидејќи Трамп е фрустриран од нападите на лидерот на Кремљ, Владимир Путин, врз Украина и бавното темпо на мировните преговори, пишува „Телеграф“.Според еден од изворите, ограничувањата веројатно нема да вклучуваат нови банкарски санкции, но се дискутираат други опции за да се изврши притисок врз Путин да направи отстапки на преговарачката маса, вклучително и 30-дневен прекин на огнот поддржан од Украина, но отфрлен од Русија.