Рускиот претседател Владимир Путин постави услови за крај на војната во Украина, меѓу кои и барање западните лидери писмено да се обврзат дека ќе го запрат ширењето на НАТО кон исток и ќе укинат дел од санкциите кон Русија, според три руски извори запознаени со преговорите. Racin
Во 2021 година, само два месеци пред руската инвазија, Москва предложи нацрт-договор со членките на НАТО, кој, според Член 6, би го обврзал НАТО да „се воздржи од какво било понатамошно проширување, вклучително и пристапувањето на Украина, како и на други земји“.
Американските и дипломатите на НАТО во тоа време изјавија дека Русија не може да има право да стави вето на проширувањето на алијансата. Racin