Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска предложи трилатерална средба со претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, со цел унапредување на мировните преговори, истовремено повикувајќи го Вашингтон да воведе нови санкции против Москва.
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин.„Она што Владимир Путин не го сфаќа е дека да не бев јас, многу лоши работи веќе ќе ѝ се случеа на Русија, мислам НАВИСТИНА ЛОШО.
Во објава на социјалната мрежа Трут Соушл тој рече дека рускиот лидер „непотребно убива многу луѓе, и не зборувам само за војниците“.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес јасно стави до знаење дека губи трпение со рускиот претседател Владимир Путин , остро критикувајќи го по последните руски напади со беспилотни летала и ракети врз Киев и други украински градови, трета ноќ по ред, но исто така му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да не си прави никаква услуга со она што го кажува.„ Отсекогаш сум имал многу добар однос со Владимир Путин, но нешто му се случи.