Во интервју за лондонскиот „Тајмс“, Кличко остро го критикуваше Зеленски, обвинувајќи го за авторитарно владеење и користење на воениот закон за поткопување на локалната самоуправа.„Ова е чистка на демократијата под маската на војна“, изјави Кличко, додавајќи дека градските советници се парализирани поради „упади, испрашувања и закани за монтирани случаи“.Конфликтот се продлабочи со кампањата против корупцијата наречена „Чист град“, која резултираше со апсење на седуммина соработници на Кличко и истраги против уште тројца.