Русија упорно го одложува мировниот дијалог со Украина и создава впечаток на дипломатија, изјави шефот на украинската делегација на преговорите, украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, а јави „Москва тајмс“ . Според него, Москва само доставила меморандум за условите за решавање на конфликтот за време на состанокот во Истанбул, кој се одржа вчера.
Министерот за одбрана на Украина, и главен преговарач Рустем Умеров изјави дека на втората рунда директни преговори со Русија, Киев го примил рускиот меморандум и оти Украина следната недела ќе одлучи за идните чекори.