Украинска воздушна офанзива со беспилотни летала минатиот викенд оштетила приближно 10 отсто од руските стратешки бомбардери, соопшти генерал-мајорот Кристијан Фројдинг од германската армија.Фројдинг, кој ја координира германската воена помош за Киев и е во постојана комуникација со украинското Министерство за одбрана, изјави дека при нападот биле погодени најмалку десетина летала, вклучително и Ту-95 и Ту-22, како и надзорни авиони А-50.„Според нашите проценки, околу 10 отсто од руската флота на стратешки бомбардери е оштетена“, рече тој во поткаст кој треба да биде објавен на Јутјуб.САД проценуваат дека украинската операција погодила до 20 руски воени авиони, при што биле целосно уништени околу десет од нив.
Според американски извори, на Русија ќе ѝ бидат потребни години за да ги замени овие капацитети.И покрај ударот, Фројдинг не очекува намалување на руските напади врз Украина во блиска иднина.