Протестите против рациите за имиграција во Лос Анџелес продолжуваат трет ден по ред, а полицијата вели дека центарот на Лос Анџелес сега е „незаконско собирање“, пренесува Би-би-си. Има извештаи за запалени возила и за грабежи, додека еден британски фотограф има потреба од операција откако бил застрелан со гумен куршум.
Во центарот на Лос Анџелес продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата, а полицијата предупреди дека ќе одговори со соодветна сила доколку демонстрантите употребат „запаливи средства“.
Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да испрати 2.000 припадници на Националната гарда е сосема непотребна.„Нашиот град веќе доживеа масовни граѓански немири“, рече таа во интервју за локалниот Фокс, осврнувајќи се на немирите што се случија во Лос Анџелес во 1992 година, кога загинаа повеќе од 50 луѓе.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, вели дека ќе го тужи Доналд Трамп за распоредување на трупи на Националната гарда во Лос Анџелес без да се консултира со него.