Добивај вести на Viber Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја оцени Парадата на гордоста одржана вчера во Будимпешта како „одвратна и срамна“, обвинувајќи ја ЕУ дека ги инструирала опозициони политичари да го организираат настанот кој потоа се претворил во антивладин протест, пренесоа локалните медиуми.
Парадата на гордоста се одржа вчера во Будимпешта во знак на поддршка на ЛГБТ заедницата, а потоа прерасна во антивладин протест.Обраќајќи се во затворената онлајн група на своите приврзеници, Орбан навел дека опозиционите политичари, по налог на Брисел, ги повикале своите приврзеници да се придружат на Парадата за да се зголеми бројот, пренесува унгарскиот портал Индекс.Премиерот, меѓу другото, напиша дека Парадата е показател што би се случувало во Унгарија, доколку тој и неговата ФИДЕС не се на власт.