Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
24
81.82
38.52
3.62/4.77
24.00
13.79
0.57
1555.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 24
28 ■ 0.99/0.01 ■ 3 ■ 412.9
Best clustering variants
28 0.99/0.01 3 412.9
09:25 h 17-Sep-2024
  • Извршната потпретседателка на Европската комисија за Европа прилагодена на дигиталната ера и еврокомесарка за конкурентност Магрете Вестагер во наредниот период ќе раководи и со ресорот за внатрешен пазар по оставката на еврокомесарот Тиери Бретон.
  • ◉ Магрете Вестагер го презема ресорот внатрешен пазар по оставката на Бретон
11:45 h 16-Sep-2024
  • Европскиот комесар за внатрешен пазар и француски кандидат за член на идната Европска комисија, Тиери Бретон денеска поднесе оставка на функцијата и ја повлече својата номинација за еврокомесар.
  • Еврокомесарот Бретон поднесе оставка (ДПЛ)
10:42 h
  • Европскиот комесар за внатрешен пазар, Тиери Бретон, кој беше именуван за втор мандат во Европска комисија, денеска поднесе оставка.
  • ЖЕСТОКО ЈА НАПАДНА ФОН ДЕР ЛАЈЕН И ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Тиери Бретон се повлече од позицијата еврокомесар
10:15 h
  • Францускиот еврокомесар Тиери Бретон поднесе оставка во понеделникот и ја обвини својата шефица Урсула фон дер Лајен дека го поткопува, повикувајќи се на времето поминато во Брисел и ја фрли транзицијата на моќта на ЕУ во неред.
  • Францускиот еврокомесар Тиери Бретон поднесе оставка и жестоко ја нападна Фон дер Лајен
Nezavisen

Кандидати за еврокомесари: – Австрија: Магнус Брунер, министер за финансии; – Белгија: Хаџа Лабиб, шефица на дипломатијата; – Бугарија: Екатерина Захариева, поранешна министерка и актуелна пратеничка во бугарското Собрание; – Грција: Апостолос Цицикостас, гувернер на грчкиот регион Централна Македонија и поранешен претседател на Европскиот комитет на регионите; – Данска: Дан Јоргенсен, министер за развојна соработка и глобална климатска политика; – Ирска: Мајкл Мекграт, министер за финансии; – Италија: Рафаеле Фито, министер за европски прашања и кохезивна политика; – Кипар: Костас Кадис, поранешен министер за земјоделство, за образование и за култура; – Летонија: Валдис Домбровскис, еврокомесар за трговија; – Литванија: Андриус Кубилиус, европратеник и поранешен премиер; – Луксембург: Кристоф Хансен, европратеник – Малта: Роберт Абела, шеф на Кабинетот на малтешкиот премиер Глен Микалеф; – Полска: Пјотр Серафин, постојан полски претставник во ЕУ; – Португалија: Марија Луис Албакерки, поранешна министерка за финансии; – Романија: Роксана Манзату, европратеничка и поранешна министерка за европските фондови; – Словачка: Марош Шефчович, потпретседател на Европската комисија за зелениот договор и за меѓуинституционални односи; – Словенија: Марта Кос, поранешната амбасадорка во Германија и Швајцарија; – Унгарија: Оливер Вархеји, комесар за проширување и соседска политика; – Финска: Хена Виркунен, поранешна европратеничка и екс-министерка за образование, за јавна администрација и за транспорт; – Франција: Стефан Сежурне, министер за надворешни и европски прашања; – Холандија: Вопке Хукстра, еврокомесар за климатска акција; – Хрватска: Дубравка Шуица, еврокомесарка за демократија и демографија; – Чешка: Јозеф Сикела, министер за индустрија и трговија; – Шведска: Јесика Розвол, министерка за европски прашања и нордиска соработка; и – Шпанија: Тереза Рибера, министерка за еколошка транзиција.

Германија и Естонија оваа година не номинираа кандидати за еврокомесари, бидејќи германското место го зазема претседателката на ЕК, Фон дер Лајен, а естонското поранешната премиерка и европратеничка Каја Калас, која Советот на ЕУ во јуни ја предложи за висока претставничка за надворешна политика и безбедност. Nezavisen