Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „веројатно“ ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој следната недела ќе престојува во САД за да се обрати на состанокот на Советот за безбедност на ОН за војната на Русија во неговата земја. Denesen
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „веројатно“ ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој следната недела ќе престојува во САД за да се обрати на состанокот на Советот за безбедност на ОН за војната на Русија во неговата земја.
Веројатно, да – рече Трамп на прашањето дали ќе се сретне со украинскиот лидер следната недела, но не даде дополнителни детали. Plusinfo
Зеленски планира да се сретне со Бајден следната недела в четврток, а ќе има и одвоени разговори со американската потпретседателка и кандидатка за претседател на демократите Камала Харис, се вели во соопштението.
Зеленски неодамна ја навести можноста повторно да се сретне со Бајден во Вашингтон и најави дека на американскиот претседател ќе му го претстави својот план за победа во војната против Русија. Nezavisen