Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „веројатно“ ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој следната недела ќе престојува во САД за да се обрати на состанокот на Советот за безбедност на ОН за војната на Русија во неговата земја. Denesen
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „веројатно“ ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој следната недела ќе престојува во САД за да се обрати на состанокот на Советот за безбедност на ОН за војната на Русија во неговата земја.
Веројатно, да, рече Трамп на прашањето дали ќе се сретне со украинскиот лидер следната недела, но не даде дополнителни детали. Biznisvesti
Тоа е добра работа, но ви треба повеќе заштита и ние баравме повеќе луѓе долго време, изјави Трамп за Фокс њуз, два дена откако се случи вториот наводен обид за атентат додека тој играше голф во Западна Палм Бич.
Вршителот на должноста директор на американската тајна служба, Роналд Роу Џуниор, во понеделникот им изјави на новинарите дека средствата за безбедноста на Трамп дополнително се зголемени во јули, кога беше првиот обид за атентат. Republika
Последните месеци, некои други светски челници, кои ги посетија САД на самити и состаноци со американскиот претседател Џо Бајден, ги завршија посетите со средбата со Трамп.
Републиканецот треба да се појави на настан со полскиот претседател Анджеј Дуда во Пенсилванија за време на викендот. Netpress