Нападите преку експлозии на пејџери што ги користеа членовите на либанската милитантна група Хезбoлах, а за кои се сомничи Израел, се чини дека означуваат нова фаза во ескалацијата на меѓу долгогодишните непријатели.
Израел се воздржува од коментар, додека Хезболах го обвини за вчерашните експлозии на пејџери ширум Либан и Сирија.
Две деца на 8 и 11 години се меѓу 12-те загинати од експлозии на пејџери што вчера се случија во Либан, пишува Би-би-си пренесувајќи ја изјавата на либанскиот министер за здравство Фирас Абијад.
Хезболах вети дека ќе одговори на вчерашниот израелски напад во кој се убиени неколку луѓе и рани илјадници низ Либан, кога пејџери што припаѓаат на членови на групата поддржана од Иран експлодираа речиси истовремено, што откри масивен безбедносен пробив и ја покажа големината на израелското разузнавање.