Израелски борбени авиони синоќа бомбардираа цели на Хезболах во јужен Либан и погодија стотици ракетни фрлачи што беа подготвени за напади врз израелска територија.
Еден ден откако илјадници членови на Хезболах беа ранети, а некои убиени, во Либан се пријавени неколку експлозии преку рачни радио станици, во кои се повредени повеќе од сто лица.
Хезболах вети дека ќе одговори на вчерашниот израелски напад во кој се убиени неколку луѓе и рани илјадници низ Либан, кога пејџери што припаѓаат на членови на групата поддржана од Иран експлодираа речиси истовремено, што откри масивен безбедносен пробив и ја покажа големината на израелското разузнавање, објави Си-Ен-Ен, пренесе МИА.
Две деца на 8 и 11 години се меѓу 12-те загинати од експлозии на пејџери што вчера се случија во Либан, пишува Би-би-си пренесувајќи ја изјавата на либанскиот министер за здравство Фирас Абијад.