Либанската шиитска група Хезболах соопшти дека Ахмед Вахби, висок командант кој ги предводеше воените операции на нивните специјални сили Ар Радван во војната во Газа до почетокот на оваа година, бил убиен во израелски воздушен напад во предградие на Бејрут. Republika
Сите мора да покажат максимална воздржаност, изјави Стефан Дижарик, портпарол на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Во нападот, кој ИДФ го опиша како „насочен“, загина Ибрахим Акил, шеф на елитните сили на Хезболах – Радван и најмалку 10 други команданти на Хезболах во предградието Дахије во Бејрут, кое се смета за упориште на Хезболах. Civilmedia
Поради бранот експлозии насочени кон Хезболах во Либан оваа недела, Советот за безбедност на ОН почна итна седница.
Состанокот е побаран од Алжир во име на арапските држави, а доаѓа по последниот израелски воздушен напад врз Бејрут, во кој загинаа најмалку 14 лица, а десетици се ранети. 360stepeni
Бран експлозии вчера го зафати Либан, еден ден по големите пејџер експлозии во кои загинаа 12 лица, а илјадници беа повредени.
Во вчерашниот напад експлодираа воки-токи на борците на Хезболах, како и соларни панели на куќи. Fokus