Потпретседателката на САД, Камала Харис има поддршка од 50 отсто, додека поранешниот претседател Доналд Трамп има поддршка од 47 проценти во трката за претседателската функција, објави Си-Ен-Ен во својата анкета, која ја нарекува „анкета на сите анкети“. Libertas
Иако резултатите се во рамките на типичната маргина на грешка, тие укажуваат на мало поместување во корист на Харис во споредба со анкетата пред дебатата на Еј-Би-Си Њуз.
Во тоа време, според „анкетата на сите анкети“ на Си-Ен-Ен, Харис имаше 49%, а Трамп 48% поддршка. Plusinfo