Повеќе од 100 луѓе загинаа, а 400 се ранети, „вклучувајќи жени, деца и медицински работници“, во денешните израелски воздушни напади на југот на Либан, соопшти Министерството за здравство на земјата. Biznisvesti
Израелската војска соопшти дека денеска ги извршила најинтензивните воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан од 2006 година, при што загинаа стотици луѓе.
Според израелската војска, погодени се повеќе од 1 000 цели на либанската милитантна група Хезболах во јужен Либан и долината Бека во источен Либан. Fokus
Хирурзите се повикани да се подготват за ранетите што би можеле да пристигнат во одделите за итна помош.
Школите на југот на земјата и во јужните предградија на Бејрут се затворени денеска и утре. Biznisvesti