Мрежите на Хезболах се тешко оштетени, неговите борци се осакатени, неговото раководство е убиено, а неговата воена инфраструктура е под постојано бомбардирање.
Хезболах се соочува со најголемата криза во последните четири децении, пишува Би-Би-Си во анализа на ситуацијата во Либан. Plusinfo
Десетици илјади луѓе бегаат од јужен Либан, изјави либанскиот министер, кој го координира одговорот на кризата што се појавува, Насер Јасин.
ИДФ денеска нападна околу 800 цели на Хезболах во јужен Либан и во регионот Бека во Либан – изјави портпаролот на израелската војска. Novamakedonija
Израелската армија вечерва објави дека во текот на денот погодила 1.300 цели на Хезболах во Либан, од чија територија оваа проиранска исламистичка организација се впушта во се поинтензивна размена на оган со еврејската држава. Libertas
Бројот на загинати во денешните напади на Израел во Либан се искачи на најмалку 492, соопшти либанското Министерство за здравство. Fokus
Израелската војска соопшти дека либанската група истрелала околу 115 ракети врз цивилни области во северен Израел.
Се додава дека како одговор напаѓаат цели на Хезболах во Либан. Libertas