Во заедничката изјава, договорена на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, се вели дека неодамнешните борби се неприфатливи и претставуваат неприфатлив ризик од поширока регионална ескалација.
„Повикуваме на итен 21-дневен прекин на огнот долж либанско-израелската граница за да се отвори простор за дипломатија“, се вели во соопштението и се додава: „Ги повикуваме сите страни, вклучително и владите на Израел и Либан, веднаш да прифатат привремен прекин на огнот“, се додава во соопштението. Netpress
САД, Франција и другите сојузници повикаа на итен прекин на огнот од 21 ден за да се овозможи преговори во конфликтот меѓу Израел и Хезболах. Kanal5
Со тоа според статистиките на либанското министерство во земјата од почетокот на неделава убиени се над 700 лица, а 5.000 се повредени, меѓу нив голем број деца и жени.
Вчера американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД се залагаат за 21-дневен прекин на огнот за да се овозможи преговори меѓу Израел и Хезболах. Telma