Во заедничката изјава, договорена на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, се вели дека неодамнешните борби се неприфатливи и претставуваат неприфатлив ризик од поширока регионална ескалација.
„Повикуваме на итен 21-дневен прекин на огнот долж либанско-израелската граница за да се отвори простор за дипломатија“, се вели во соопштението и се додава: „Ги повикуваме сите страни, вклучително и владите на Израел и Либан, веднаш да прифатат привремен прекин на огнот“, се додава во соопштението. Libertas
САД, Франција и другите сојузници повикаа на итен прекин на огнот од 21 ден за да се овозможи преговори во конфликтот меѓу Израел и Хезболах. Novamakedonija
Висок функционер на американската администрација вчера вечер, како што пишува „Гардијан, изјавил дека се очекува Израел и Либан, за кој се смета дека го претставува Хезболах во преговорите, да одговорат на повикот во следните неколку часа.
Официјални претставници на адмнистрацијата на САД, исто така, брифирале дека предлогот за прекин на огнот не се однесува на конфликтот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. 360stepeni