Хезболах не може сам да ѝ се спротивстави на земја која ја бранат, поддржуваат и снабдуваат западните земји, европските земји и САД, изјави Пезешкијан во интервју за американската мрежа Си-Ен-Ен. Тој ја повика меѓународната заедница да „не дозволи Либан да стане нова Газа“, каде што Израел спроведува воздушна и копнена офанзива како одговор на нападот од палестинскиот Хамас, сојузник на Иран и Хезболах.