Во заедничка изјава објавена денеска шефовите на дипломатиите на Египет, Ирак и Јордан ја осудија, како што се наведува, израелската агресија против Либан и истовремено предупредија дека Израел го турка регионот во отворена војна, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ). Министрите за надворешни работи на Египет, Ирак и Јордан – Бадр Абделати, Фуад Хусеин и Ајман Сафади имале средба во Њујорк, на маргините на 79. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), на која, според заедничката изјава, разговарале и за организирање на троен самит во Каиро. Nezavisen
Претходно утрово израелската војска соопшти дека пресретнала ракета која била истрелана од Либан, а која била насочена кон цивилни области во главниот град на Израел, Тел Авив.
Во врска со нападот преку соопштение се огласи и Хезболах, од каде што велат дека цел на балистичката ракета што ја истрелале било седиштето на израелската разузнавачка агенција Мосад, која Хезболах ја смета за одговорна за за убиствата на нејзини водачи и експлозиите на пејџери и други безжични уреди во Либан што се случија минатата недела. 360stepeni
Зборувајќи за „опасната ескалација што е во тек во регионот“, министрите оценија и дека „запирањето на ескалацијата започнува со запирање на израелската агресија во Газа“, се вели во заедничката изјава на трите земји по средбата на министрите за надворешни работи во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.
Тројцата министри за надворешни работи ја споменаа и организацијата на трипартитниот самит на лидерите на трите земји што ќе се одржи во Каиро. Fokus