Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
155
18.26
25.56
55.79/7.27
155.00
36.18
0.23
11351.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 155
265 ■ 0.99/0.01 ■ 16 ■ 518.4
Best clustering variants
265 0.99/0.01 16 518.4
14:45 h 02-Oct-2024
  • Мировната мисија на ОН во Либан (УНИФИЛ) предупреди дека секоја израелска инвазија на либанска територија ќе биде кршење на суверенитетот на земјата и на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, пишува „ “. „Секое преминување во Либан е кршење на либанскиот суверенитет и територијален интегритет и кршење на резолуцијата 1701“, се вели во соопштението на УНИФИЛ.
  • ◉ УНИФИЛ: Секоја израелска инвазија на Либан ја прекршува резолуцијата 1701 на ОН
14:16 h 30-Sep-2024
  • Заменик-шефот на Хезболах рече дека милитантната група со седиште во Либан е подготвена да ја продолжи својата борба против Израел и е подготвена за долга војна.
  • Мора да се избегне сеопфатна војна, кажа Бајден за нападите меѓу Хезболах и Израел
13:16 h
  • Дел од западните медиуми јавија дека Израел распоредува тенкови на границата со Либан, што најверојатно е подготовка за евентуална копнена инвазија.
  • Се поизвесна е израелска копнена офанзива врз Либан
11:59 h
  • Водачот на Хезболах, Хасан Насралах, беше многу внимателен во врска со својата безбедност, ретко се појавуваше во јавноста, и не сакаше да информира многу луѓе за неговата намера да присуствува на состанокот во подземен комплекс скриен во предградие на Бејрут кога беше и ликвидиран.
  • Длабок разузнавачки упад во редовите на Хезболах му овозможи на Израел да го ликвидира Хасан Насрала
11:45 h
  • Бомбардирањето на локацијата во Бејрут е последниот чин од повеќегодишната операција на израелското разузнавање за продирање во целата мрежа на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.
  • Израел истури 80 тони противбункерски бомби за да го убие Хасан Насрала
11:10 h
  • Конфликтот на Блискиот Исток дојде до точка од која нема враќање
10:45 h
  • Заменик-шефот на Хезболах наскоро ќе и се обрати на јавноста, објави телевизискиот канал на либанската група Ал-Манар.
  • ПРВО ОБРАЌАЊЕ НА ХЕЗБОЛАХ ДЕНЕСКА ПО ГОЛЕМИТЕ ЗАГУБИ: Аналитичар: Многу е веројатна копнена инвазија на јужен Либан
10:13 h
  • На Блискиот Исток растат стравувањата дека Израел ќе изврши копнена инвазија на Либан, по вчерашната изјава на министерот за одбрана Јоав Галант дека се прегледува безбедносната ситуација на северот на земјата.
  • Израелски тенкови на границата со Либан
09:25 h
  • Либанската новинска агенција (ННА) јави дека израелската армија утрово изврши нов воздушен напад во областа Чија, во јужните предградија на Бејрут.
  • Нов израелски воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут
Plusinfo

Високи претставници на Белата куќа приватно му кажале на Израел дека САД ќе ја поддржат неговата одлука да го засили воениот притисок врз Хезболах, иако администрацијата на Бајден изминатите недели јавно ја повика израелската Влада да ги намали своите напади, тврдат американски и израелски официјални лица, . Претседателските советници Амос Хохштајн и Брет Мекгурк, координатори на Белата куќа за Блиски Исток, им рекоа на високи израелски претставници во последните недели дека САД ја поддржуваат севкупната стратегија на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го пренасочи воениот фокус на Израел на север, кон Хезболах, со цел да ја принудат групата да се вклучи во дипломатски разговори со цел да се стави крај на конфликтот, изјавиле официјални лицa. Не сите во администрацијата го поддржаа израелскиот потег и покрај поддршката во Белата куќа, рекоа официјални лица.

Одлуката да се фокусира на Хезболах предизвика поделеност во американската Влада, соочена со противење од Пентагон, Стејт департментот и разузнавачката заедница, која сметаше дека израелскиот потег против иранската милиција може да ги вовлече американските сили во друг конфликт на Блискиот Исток. Plusinfo

Plusinfo

Тој прецизираше дека станува збор за неодамнешните ликвидации на лидерот на Хезболах Саид Насралах и на заменик командант на Иранската револуционерна гарда Абас Нилфорушан, во Либан, . Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги осуди израелските напади врз регионалните сојузници на Техеран, наведувајќи дека на Израел не треба да му се дозволи да ги напаѓа земјите од иранската „оска на отпор“ една по друга и предупредувајќи дека таквите акции нема да останат без одговор.

Администрацијата на Бајден е загрижена дека Иран планира одмазднички напад затоа што Израел го уби лидерот на Хезболах Хасан Насрала, па затоа работи со Израел на одбраната, изјави синоќа американски претставник за Си-Ен-Ен. Администрацијата на Бајден водеше мултинационална одбрана на Израел во средината на април, кога Иран лансираше повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел како одговор на неговиот напад врз високи офицери на Иранската револуционерна гарда во Сирија. Plusinfo