Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
209
20.93
28.31
73.64/9.97
209.00
50.73
0.24
15678.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 209
316 ■ 0.99/0.01 ■ 21 ■ 553.1
Best clustering variants
316 0.99/0.01 21 553.1
23:40 h 02-Oct-2024
  • Проценките за бројот на проектили се движат од 180 до над 400, а израелската војска побара од граѓаните да не ги снимаат погодените цели, па не се знае вистинската големина на штетата.
  • ◉ САД и Турција ги имаат лостовите на моќта да ја запрат војната на Блискиот Исток, а една сила има корист од конфликтот?!
18:02 h 30-Sep-2024
  • Наспроти убиството на врховниот лидер и многумина команданти, како и уништувањето на комуникациската мрежа и на десетици бази и магацини со ракети, Хезболах е спремен за да се спротивстави на очекуваната израелска копнена офанзива врз јужен Либан.
  • Обезглавениот Хезболах е „спремен“ за израелска копнена офанзива
14:23 h
  • Заедничка одбрана на воинствениот Израел, како околу палестинските територии, така и во поширокиот регион, е тврдењето дека тој мора да дејствува на овој начин – бидејќи е опкружен со земји кои се обидуваат да го уништат.
  • „Гардијан„: Од земја под „егзистенцијална закана“, Израел стана закана за регионот
12:28 h
  • Во своето прво јавно обраќање откако Израел го уби водачот на шиитското либанско движење Хасан Насрала минатата седмица, заменик-челник на Хезболах, Наим Касем рече дека движењето е подготвено да се спротивстави на израелската копнена инвазија на Либан.
  • Хезболах порача дека е подготвен за израелска копнена инвазија на Либан
11:59 h
  • Водачот на Хезболах, Хасан Насралах, беше многу внимателен во врска со својата безбедност, ретко се појавуваше во јавноста, и не сакаше да информира многу луѓе за неговата намера да присуствува на состанокот во подземен комплекс скриен во предградие на Бејрут кога беше и ликвидиран.
  • Длабок разузнавачки упад во редовите на Хезболах му овозможи на Израел да го ликвидира Хасан Насрала
11:45 h
  • Бомбардирањето на локацијата во Бејрут е последниот чин од повеќегодишната операција на израелското разузнавање за продирање во целата мрежа на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.
  • Израел истури 80 тони противбункерски бомби за да го убие Хасан Насрала
10:13 h
  • На Блискиот Исток растат стравувањата дека Израел ќе изврши копнена инвазија на Либан, по вчерашната изјава на министерот за одбрана Јоав Галант дека се прегледува безбедносната ситуација на северот на земјата.
  • Израелски тенкови на границата со Либан
09:25 h
  • Либанската новинска агенција (ННА) јави дека израелската армија утрово изврши нов воздушен напад во областа Чија, во јужните предградија на Бејрут.
  • Нов израелски воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут
Slobodenpecat

Сепак, како што истакнува анализата на „Фајненшл тајмс“, фалењето на израелската војска со последователни разорни напади врз Хезболах – еден од најсилните противници на Израел во регионот – открива друга перспектива на геополитичката реалност: Во речиси четири децении војни и ривалство со Хезболах, Израел дури неодамна успеа навистина да ја сврти ситуацијата во своја полза.

Le Parisien: Ирански шпион работел за Израел Во најновиот развој на настаните, либански безбедносен извор вели дека ирански разузнавач го информирал Израел за тоа каде се наоѓа Хасан Насрала пред неговиот атентат во петокот, пишува Le Parisien. Користејќи разузнавачки информации од иранската инфилтрација за да се обезбеди неговото присуство пред смртоносниот напад, „Израелците ги искористија сите ресурси, не сакаа да ја коцкаат својата цел“, рече изворот. Slobodenpecat

Plusinfo

Високи претставници на Белата куќа приватно му кажале на Израел дека САД ќе ја поддржат неговата одлука да го засили воениот притисок врз Хезболах, иако администрацијата на Бајден изминатите недели јавно ја повика израелската Влада да ги намали своите напади, тврдат американски и израелски официјални лица, . Претседателските советници Амос Хохштајн и Брет Мекгурк, координатори на Белата куќа за Блиски Исток, им рекоа на високи израелски претставници во последните недели дека САД ја поддржуваат севкупната стратегија на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го пренасочи воениот фокус на Израел на север, кон Хезболах, со цел да ја принудат групата да се вклучи во дипломатски разговори со цел да се стави крај на конфликтот, изјавиле официјални лицa. Не сите во администрацијата го поддржаа израелскиот потег и покрај поддршката во Белата куќа, рекоа официјални лица.

Одлуката да се фокусира на Хезболах предизвика поделеност во американската Влада, соочена со противење од Пентагон, Стејт департментот и разузнавачката заедница, која сметаше дека израелскиот потег против иранската милиција може да ги вовлече американските сили во друг конфликт на Блискиот Исток. Plusinfo

Plusinfo

Тој прецизираше дека станува збор за неодамнешните ликвидации на лидерот на Хезболах Саид Насралах и на заменик командант на Иранската револуционерна гарда Абас Нилфорушан, во Либан, . Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги осуди израелските напади врз регионалните сојузници на Техеран, наведувајќи дека на Израел не треба да му се дозволи да ги напаѓа земјите од иранската „оска на отпор“ една по друга и предупредувајќи дека таквите акции нема да останат без одговор.

Администрацијата на Бајден е загрижена дека Иран планира одмазднички напад затоа што Израел го уби лидерот на Хезболах Хасан Насрала, па затоа работи со Израел на одбраната, изјави синоќа американски претставник за Си-Ен-Ен. Администрацијата на Бајден водеше мултинационална одбрана на Израел во средината на април, кога Иран лансираше повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел како одговор на неговиот напад врз високи офицери на Иранската револуционерна гарда во Сирија. Plusinfo